Магазин 25. август 2020. / 16:47

(ВИДЕО) Олимписки игри во Охрид, категорија: Фаќање лежалки

(ВИДЕО) Олимписки игри во Охрид, категорија: Фаќање лежалки

Изминатиов период Охрид е местото каде е концентриран најголем дел од туристите во земјава. Капацитетите се исполнети, а секојдневните случки на плажите може да се видат на социјалните мрежи каде секојдневно се поставуваат фотографии и видеа од најчудни постапки.

Така денеска во еден хотел на крајбрежјето на видео беа забележани туристи кои со трчање и викање се упатуваат кон лежалките покрај базенот во трка кој побргу и повеќе лежалки да зафати. Моментот бил снимен од страна на инстаграмџијата именуван како Роберто Навали, кој видеото го сподели јавно.

Тој под видеото напишал: „Олимписки игри, категорија: Фаќање лежалки“.