Магазин 02. февруари 2019. / 18:47

(ВИДЕО) Најпознатиот пензионер во регионот повторно стана хит

(ВИДЕО) Најпознатиот пензионер во регионот повторно стана хит

Хрватскиот пензионер Таљат Тони Селмани беше вклучен во програма на српски канал и упати порака со Србите.

Освен совети за здравјето, тој рече дека луѓето треба да се почитуваат без разлика на верата. За популарноста вели дека лесно ја поднесува затоа што бил манекен.

-Рекламиравме сешто во бивша Југославија и не гледавме кој е кој. Јас го сакам својот син, ти твојот. Пробудете се сите. Што било вчера било. Отфрлете го тоа и да гледаме напред, а не детето уште не се родило му велиш овој е онаков, овој е оваков. Сите веруваме во исти Бог, кој и да сме вера. – вели тој.

За неговите ставови, вели дека луѓето го охрабруваат, му велат „браво“, но имало и некои кои се лутат.