Голема кафеава мечка влезе во хотелски комплекс во бугарскиот град Сопот во близина на Пловдив и пливаше во хотелскиот базен.
Камерите од хотелскиот комплекс објавија видео снимка, на која се гледа како мечката доаѓа и влегува во базенот, којшто во тие моменти, за среќа, бил без луѓе.
Нема информации од каде дошла мечката во хотелот.