Користејќи ги само задните тркала пилотот на авионот на националната компанија Мјанмар успеал принудно да слета на меѓународниот аеродром Манделај.
Предните тркала според изјавата на пилотот, поради дефект откажале. Од службите на аеродромот велат дека сите 82 патници и членови на екипажот се безбедни и дека нема повредени.
Пилотот на авионот јавил на контролата на летот, пред слетувањето дека постојат проблеми со предните тркала. Авионот слетал само на задните тркала, додека предниот дел не го ни допрел тлото на пистата.
Службите на аеродромот додале дека поголемиот дел од авионот на компанијата Боинг и Ербас некое време ќе бидат приземјени и нема да можат да го користат аеродромот за слетување.