Магазин 16. март 2020. / 09:55

(ВИДЕО) Ма, каква пандемија: Над 6.00 луѓе трчаа полумаратон во Велика Британија

(ВИДЕО) Ма, каква пандемија: Над 6.00 луѓе трчаа полумаратон во Велика Британија

Во време кога практично во цела Европа има поголеми или помали забрани за излегување и собирање, во Велика Британија се уште се размислува за такви забрани. Во меѓувреме остануваат отворени универзитетиоте, театрите, пабовите, а се одржуваат и спортски настани, кај кои е оставена можноста да да одлучат дали натпреварите ќе се стопираат или не.

Така, Премиерлигата ги запре натпреварите, но затоа, пак, огромно негодување во јавноста предизвика одржувањето на полумаратонот во Бет, град во југоисточна Англија, на околу 150 километри од Лондон. Особено што одржувањето на овој полумаратон доаѓа откако беше одложен маратонот во Лондон, кој наместо на 25 април, ќе се одржи на 5 октомври.

Проблематично за овој полумаратон е учеството на 6.200 тркачи, што е само половина од пријавените, но премногу во ситуација кога во земјата има преку 1.110 заразени и преку 20 починати од корона вирусот.

Како што информираат медиумите, полумаратонот не бил одобрен од локалните власти, организаторот ја образложил одлуката трката да се одржи со објаснување дека „иако нивен приоритет е да се заштитат граѓаните што се најзагрозени од пандемијата“, не го откажале маратонот поради тоа што илјадниците тркачи што дошле во градот за полумаратонот секако самите ќе ја истрчале зацртаната траса. Затоа, тие „одлучиле да им пружат поддршка на тркачите и да им ги понудат постојните ресурси за изведување полумаратон“.