Магазин 14. декември 2020. / 10:55

(ВИДЕО) Лидерите гостуваа на ТВ Алфа: Ново радио во етерот, три платформи во една

(ВИДЕО) Лидерите гостуваа на ТВ Алфа: Ново радио во етерот, три платформи во една

Денеска на утринската програма на ТВ Алфа “Добро утро, секое утро” гостуваа Иван Лазаров и Мартин 99, а тие зборуваа за програмата на Радио Лидер.

На оваа емисија нашите претставници зборуваа за информативната и забавната програма која допрва ќе се проширува.

Радио Лидер се истакнува со тоа што го има на три платформи: Веб сајт, Фејсбук страница и на радио фреквенција.

Од денеска започна утринскиот подкаст „Утро со Златев“, а допрва ќе се проширува програмата.

Слушајте Радио Лидер и следете го нашиот Фејсбук профил за видео преноси.

Гостувањето на претставниците од Радио Лидер може да го погледнете тука. На линкот гостувањето на нашите претставници почнува од 2:20.