Магазин 30. јули 2020. / 18:58

(ВИДЕО) Како ќе изгледа „East Gate Mall“што се гради кај скопски Саем

(ВИДЕО) Како ќе изгледа „East Gate Mall“што се гради кај скопски Саем

Со пуштањето во употреба на новиот „Ист гејт мол“ (East Gate Mall), што се гради во Скопје на локацијата на некогашниот Скопски саем, македонската метропола ќе добие нов препознатлив белег.

Неговата изградба треба да овозможи вработување на нови 2.500 претежно млади лица, а целиот проект, кој покрај трговскиот центар се состои и од деловни згради и резденцијален комплекс, треба да овозможи поттик за целата економија.

Ваква е оценката на водечките банкари во земјава, но и банкари од странство кои денес со потпишување на синдицаран заем во износ од 72 милиони евра, овозможија да се затвори финансиската конструкција за трговскиот центар.

Според нив, од особено значење е што инвестицијата се реализира во време на општа светска криза која е предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

 

 

Преку видео на „Балфин групацијата“ која го гради овој комплекс, ви прикажуваме како ќе изгледа новиот шопинг простор што треба да биде изградендо есента наредната година.