Научниот соработник на Универзитетот во Загреб и поранешен потпретседател на Хелсиншкиот комитет во Хрватска, Игор Петернал, прашува која е целта хомосексуалците да прават парада на гордоста и кои права всушност тие ги бараат.
Тој на Фејсбук постави низа на прашања поврзани со парадата на гордоста.
– Ме интересира кои права се бараат. Што треба уште да се направи? Хомосексуалците да ги ослободиме од плаќање на данок? Да им се даде бесплатно дополнително здравствено? Да им резервираме места во трамваите? Квоти на изборните листи за Собранието? По два ресори во секоја Влада? Повластени билети за паркирање? Да ми се одземе мене правото да го напишам ова? Што уште не? Баш сакам да знам! Конечно да им угодиме и да го решиме тој проблем засекогаш! – нашиша Петернал.
Петернал тври дека геј парадата е надвор одмода, што веќе ни самите учесници не знаат што сакаат.