Магазин 10. декември 2020. / 16:14

(ВИДЕО) Игор Џамбазов им ја посвети песната „Бела чао“ на Борисов и Каракачанов

(ВИДЕО) Игор Џамбазов им ја посвети песната „Бела чао“ на Борисов и Каракачанов

Песната Бела чао (Bella ciao), „Збогум убавице“, е италијанска партизанска песна која низ светот се користи како химна на слободата и отпорот.

Една верзија на песната направија актерот Драган Спасов-Дац и композиторот Александар Митевски за време на карантинот во Македонија, насловена како „Корона чао“.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја слушаше во својот автомобил и тоа го сподели на социјалните мрежи.

Македонскиот актер Игор Џамбазов, одлучи да испее своја верзија која ќе биде поздрав до премиерот Борисов и вицепремиерот на Бугарија и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

-Каракачанов, Бојко Борисов, о бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао… Партиџано – тоа сме ние, вие сте тие, другите…, запеа Игор на видеото.