Магазин 05. мај 2019. / 10:38

(ВИДЕО) Хаос во Чаир: Играчите на Вардар гaѓaни со предмети и говор на oмpaзa

(ВИДЕО) Хаос во Чаир: Играчите на Вардар гaѓaни со предмети и говор на oмpaзa

Вистински хаоц се случуваше вчера попладне на мечот помеѓу Шкупи и Вардар, откако без никаква контпола и безбедносни проверки на стадионот влегоа припадниците на навивачката група „Швепцепи“ кои со себе носеа секаков вид на опасни реквизити,

Факели, метални предмети, запалки, камења беа само дел од предметите кои беа фрлени кон играчите на Вардар пред почетокот на натпреварот.

Освен обидите да се повредат играчите на ФК Вардар, навивачите имаа најразлични слогани со говор на омраза кон националноста на играчите на скопскиот клуб.

Полицијата остана немоќна и без реакција. Реакција нема ниту од ФФМ која е надлежна да ги санкционира клубовите при вакви напади, па по се изгледа дека насилници и луѓе кои го уништуваат спортот се „заштитени мечки“ на терените низ државата.