Магазин 13. јануари 2019. / 01:00

(ВИДЕО) Градоначалникот на Ѓорче запеа: Ја прослави Северна Македонија со „Ја излези Ѓирѓо“

(ВИДЕО) Градоначалникот на Ѓорче запеа: Ја прослави Северна Македонија со „Ја излези Ѓирѓо“

Луда забава се случува вечерва во ресторан во Дебар Маало, каде високи функционери на владејачката СДСМ хедонистички уживаат во добро расположение.

Присутни на забавата, за „Лидер“ сведочат дека се прославувала промената на името а присутните ги забавувал градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој заедно со музичарите им пеел на гостите.

Присутните ни испратија и видео од Наумоски, каде што тој ја пее позната традиционална Македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“.

Погледнете: