Магазин 17. јануари 2021. / 15:37

(ВИДЕО) Еве кој е најдобриот работник во Радио Лидер

(ВИДЕО) Еве кој е најдобриот работник во Радио Лидер

Во новото издание на телевизискиот проект „Најдобриот работник“ се избираше најдобриот работник во „Радио Лидер“.

Кога почна идејата за радио Лидер бев тотално сам, и немав никаква идеја за тоа кој од прилика треба да почне да работи, но наскоро некако се врзаа картите. Претходниот уредник на радиото ми го препорача Марко Новевски, па потоа случајно некако дојдов во контакт со Мартин, па дел од екипата која веќе претходно работеше во Лидер.мк, кој инаку потекнува од 2014 година, но Лидер порталот јас го водам од 2018 година и имав веќе дел од тимот кој работеше таму, беше лесно прилагодлив за на радио, пример уредникот на информативната редакција Иван Лазаров, кој има долго искуство во овинарството, па некако се прилагоди да работи за радио. Така што нив ги планирав, луѓето кои претходно работеа. А со овие од забавниот редакција, се излезе случајно, но се погоди работата. Функционираме како еден тим сите с задоволни, пред се најважното е дека сите радиото го сметаат како свое, рече главниот и одговорен уредник Љупчо Златев.

Тој исто така истакна дека изгубен е концептот на радиото како информативен и забавен медиум, радиото денес се користи најчесто за емитување на музика и кратки магазински информации. Радио Лидер е радио кое планира да донесе свежина и да биде она што претставувало радиото некогаш.

Иако некои од вработените се краток период во радиото, сите се едногласни дека атмосферата е супер, тимот кој работи е дличен и атмосферата е позитивна.

Но помеѓу сите вработени, требаше да избере кој е најдобриот.

Идеалот за тоа како треба да изгледа најдобриот работник е врз база на тоа без кој најмалку се може. Најмалку во нашиот тим се може без Горан, рече Златев.

И сите останати беа согласни дека Горан Лазаровски заслужено ја добива наградата „најдобар работник“. Пофални зборови, благодарност за секаква помош на колегите, тој е главниот човек во Радиот Лидер, без него не би функционирале.

Горан вели дека досега работел во многу радија, но најмногу опстојува на фрекфенцијата 107,4. За него работата е интересна, не е тешка, има проблеми кои моментално се јавуваат, но се се решава.

На прашањето како се станува најдобриот работник, тој рече дека треба да се сака тоа што се работи. Тимот за него е како семејство, се функционира одлично.