Необично видео се појави на социлната мрежа Инстаграм на кое се гледа како ужива едно друштво поврзано со владејачката елита.
Додека македонската јавност е згрозена од мега аферата „Рекет”, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ужива во друштво на млади дами заедно со претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Пери Антиќ.
Забележливо е дека присутните во ресторанот се расположени со алкохол, а се конзумираат и пури.
Антиќ ја пее познатата српска песна „Ѓурѓевдан” и на Жерновски му се обраќа со „Андреј гробару!”.