Денеска во емисијата „Лидер на неделата“ со Катерина Тодевска Спасиќ гостуваше Дина Муцунска, која сподели свои искуства на повеќе теми како: лидерство, менаџериње со човечки ресурси, угостителство и туризам во време на Ковид, на таа зборуваше и за жените во Собранието.
На прашањето од водителката Тодевска Спасиќ околу жените во македонското Собрание, Муцунска даде интересен одговор.
– Кај жените е појака емоционалната интелигенција, тоа е и по студии, научно докажано. Несомнено е дека на жените им е поразвиена оваа интелигенција. Емоционалната интелигенција е онаа која ни прави полесно да ги разбираме чувствата на луѓето, да имаме полесна перцепција на гримасите и се она што е значајно во создавање на чувството емпатија. Сето ова е од огромно значање за лидерството, вели Муцунска.
Според нејзе шестото сетило е премногу важно, но и рационалноста е важна. Таа додаде и околу жените во македонското Собрание.
– Не размислувам политички, но во ситуација со Ковид, треба да реагираме инстинктивно, интуитивно. Во ваква ситуација мнозинството жени во помогнале во подобрување во ваква ситуација, заврши Муцунска.