Магазин 31. јануари 2021. / 17:11

(ВИДЕО) Алиоски одигра 90 минути, голема победа на Лидс Јунајтед

(ВИДЕО) Алиоски одигра 90 минути, голема победа на Лидс Јунајтед

Голем гостински триумф попладнево на Лидс Јунајтед на „Кинг Пауер“ против Лестер со 3-1. Марсело Биелса го надмудри колегата Брендон Роџерс, а Езџан Алиоски (кој ги одигра сите 90 минути) и другарите беа подобриот противник на мечот.

Барнс уште во 13 минута ги доведе домашните во водство од 1-0, но по само 2 минути Далас израмни на 1-1.

Во второто полувреме Бамфорд постигна погодок за 1-2 (имаше и 2 асистенции на мечот), а конечните 1-3 ги постави Харисон во 84 минута од мечот.

Поседот на топката беше израмнет, а домашните упатија двојно повеќе удари кон голот на противникот.

Лестер по неуспехот останува трет на табелата со 39 бода, два помалку од второпласираниот Јунајтед, додека Лидс останува 12-ти со 29 поени.