Магазин 30. јуни 2020. / 21:13

(ВИДЕ) НАСА произведе ѓердан кој ве предупредува да не си го допирате лицето

(ВИДЕ) НАСА произведе ѓердан кој ве предупредува да не си го допирате лицето

Американската вселенска агенција НАСА објави инструкции за производство на ѓердан со помош на 3Д принтер кој ги спречува луѓето да си го допираат лицето.

За да ги потсетат луѓето да не се допираат никаде на лицето, тројца инженери од лабораторијата на НАСА го дизајнирале „Пулс“, ѓердан со сензор за близина кој има вибрирачки мотор. Тој мотор се активира која ќе да приближи раката до главата. Колку што се поблиску прстите до главата, вибрациите стануваа интензивни.

Целта е да се минимизира ширењeто на корона. Целта а Pulse е да се минимизира ширењето на корона вирусот, кој може да се пренесе и од нечисти кваки на очите, устата и носот – велат од НАСА.

Сите заинтересирани може да ја преземат листата со сите потребни делови, „CAD“ дизајнот за печатење со помош на 3Д принтер и упатствата.

Сепак, од НАСА потенцираат дека не го дизајнирале „Пулс“ за да ги замени маските, туку да се користи во комбинација со останатите мерки на заштита од корона вирусот.