Времето денеска ќе биде сончево и топло.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од еден до девет Целзиусови степени, додека преку ден, температурата ќе се движи од 17 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло.
Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време, освен во недела кога ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст.