Магазин 23. јули 2020. / 12:21

Вечерва се отвора Beach Film Festival Ohrid

Вечерва се отвора Beach Film Festival Ohrid
Вечерва се гледаме на фестивалско отварање на плажа од 20ч со блок краткометражни филмови, а потоа со долгометражниот филм “Asymmetry” и на бродот Армада од 21.30 (само со покани) со филмот “Window to the sea.”
Дојдете половина час пред проекцијата како би го испочитувале протоколот, соопштија на социјалните мрежи организаторите на BeachFilmFestivalOhrid.
Од денеска до недела, 26 јули ќе се одржи третото по ред издание на „Beach Film Festival 2020“ на плажата Св. Стефан во Охрид.

Покрај официјалната филмска селекција, дел од програмата ќе бидат предавања, работилници и македонски студентски филмови.

На 23.07.2020 (четврток) во 21.00 часот ќе се одржи проекција на брод како дел од проектот European Film Challenge, поддржан од Креативна Европа МЕДИА.