Магазин 14. септември 2020. / 08:58

Уште неколку денови сончево и топло

Уште неколку денови сончево и топло

Времето денеска ќе биде умерено облачно и топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од девет до 19, а максималните од 23 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината умерено облачно со умерен североисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен Целзиусов.

Слично време ќе се задржи до четврток попладне, кога на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и повремено засилен ветер.