Магазин 08. јануари 2021. / 21:08

УФЦ-борец со нож ги избодел своите две сестри

УФЦ-борец со нож ги избодел своите две сестри

Учесникот во борбите во мешани боречки вештини од ултимејт-фајт серијата (УФЦ) во САД, Ирвин Ривера, е уапсен денеска под обвинение дека со нож, по неколку пати, ги избодел своите две сестри.

Во службениот полициски извештај е наведено дека прва била пронајдена помладата сестра (22 години) и тоа со убоди во пределот на главата, грбот и рацете. Таа била во свесна состојба и успеала да им каже на полицајците дека нејзината постара сестра (33) е сѐ уште во куќата каде што се случил нападот и каде што таа подоцна е најдена како лежи во локва крв.

За среќа, повредите на двете сестри на Ривера не се животно загрозувачки и тие во моментов не се во животна опасност.

УФЦ-борецот се бранел тврдејќи дека некоја повисока сила му наредила да го направи тоа што го сторил.