Магазин 28. ноември 2019. / 23:15

УЕФА нема да ја казни Бугарија за мешање на политиката за инцидентите со нацистичките поздрави на навивачите

УЕФА нема да ја казни Бугарија за мешање на политиката за инцидентите со нацистичките поздрави на навивачите

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, нема да преземе никакви мерки и евентуални санкции против Бугарија за мешање на држaвата во фудбалот, по инцидентите на натпреварот Бугарија – Англија, кога бугарските навивачи отпоздравуваа со нацистички поздрави.

По тој меч, претседателот на бугарската фудбалска федерација, Борислав Михајлов, си даде оставка и тоа откако јавно се дозна дека оставката од него ја побарал лично премиерот Бојко Борисов.

И покрај тоа, според УЕФА, државата Бугарија не се мешала во фудбалот. Раководителот на секторот за развој на националните асоцијации при УЕФА, Тјери Фавр, вечерва ќе дојде во Софија, и ќе собере информации околу состојбата со федерацијата која има многу проблеми.