Магазин 28. мај 2020. / 11:06

Туристички дестинации што ќе платат за да ги посетите

Туристички дестинации што ќе платат за да ги посетите

Земјите каде што туризмот беше сериозно погоден од пандемијата на корона вирусот  се подготвени да платат за што е можно повеќе туристи да ги посетат баш нивните туристички места.

Многу земји се обидуваат да ги охрабрат туристите да си го резервираат своето место со посебни придобивки, како што се попусти на билети за авиони, сместување, цени на лежалки и слично.

Еве неколку начини на кои најголемите туристички дестинации нудат платен одмор по олабавувањето на рестрикциите.

Сицилија

Сицилија, сместена на југот на Италија, се обидува да ги привлече странските посетители да дојдат на островот. Владата ќе покрие половина од трошоците за летовите на посетителите и една третина од хотелските трошоци, заедно со билетите за музеите и половина од цената на билетот за авионите.

Владата ќе користи 50 милиони евра за финансирање на програмата, а загуби од 1 милијарда евра се пријавени од март и април.

Јапонија

Јапонската влада размислува да плати половина од цената на авионскиот билет за да ги врати туристите. Портпаролот на јапонската туристичка агенција Хироши Табата изјави за време на прес-конференцијата дека владата издвојува 12,5 милијарди долари за да го охрабри туризмот.

Тие исто така можат да субвенционираат други патни трошоци во земјата.

Мексико

Одморалиштата во Канкун сакаат да понудат бесплатен престој во хотел.

Според Здружението на хотели „Канкун“,на секои две ноќевања добивате  уште две ноќевања бесплатно, а постои можност за воведување попуст за авионски билети.

Бугарија

Некои плажи во Бугарија планираат да нудат бесплатни услуги за туристите како што е изнајмување на лежалки и чадори.