Магазин 28. ноември 2019. / 15:05

Три насликани дрвени ковчези стари 3.500 години откопани во египетскиот Луксор

Три насликани дрвени ковчези стари 3.500 години откопани во египетскиот Луксор

Археолози открија три дрвени ковчега во градот Луксор на југот на Египет. Наодите се стари околу 3.500 години, а за откритието е заслужен францускиот археолошки тим задолжен за некрополата Ал-Асасиф, објави вчера египетското Министерство за старини.

Трите ковчези, сите со должина од скоро два метра, се од 18. династија (1550-1295 г. п.н.е). Оштетувањата се мали, и се прошарани со орнаменти и хиероглифи, истакна претседателот на Врховниот совет за египетската древност, Мустафа Вазири.

Египет изминативе месеци објави низа откритија што би можеле повторно да го оживеат замрениот туризам – некогаш главен извор на приходи на државата. Туристичка индустрија беше тешко погодена по немирите во 2011 година, против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Министерството викендов објави и дека се откриени повеќе мумифицирани животни во некрополата Сакари близу Каиро. Во октомври во Луксор беа откриени 30 добро сочувани дрвени ковчези со мумии стари околу 3.000 години.