Магазин 01. јуни 2019. / 22:50

Тренерот на Вардар откри како ги мотивирал ракометарите

Тренерот на Вардар откри како ги мотивирал ракометарите

По седум гола негатива, Вардар направи чудо и победи денеска на натпреварот во Келн.

Роберто Парондо по мечот откри како ги советувал своите ракометари на полувремето.

– Губевме со седум гола по првото полувреме, но на играчите им реков кога ќе излезат на теренот, да играат како ние да водиме со два разлика. Тие веруваа во успех и на крајот го направивме тоа. Беше неверојатно, изјави Парондо по мечот и додаде дека е горд.