Магазин 26. јануари 2020. / 22:08

Трагедија: Загина и ќерката на Коби Брајант

Трагедија: Загина и ќерката на Коби Брајант

Трагични вести доаѓаат од САД. Покрај Коби Брајант, помеѓу загинатите е и неговата ќерка Џиана Брајант, пренесува ЕСПН.

Според новинарот Адријан Војнаровски, Брајант и неговата ќерка оделе на кошаркарски натпревар кога хеликоптерот се урнал во Калабасас.

Покрај Коби и Џиана, во хеликоптерот имало „уште еден играч и родител“, напиша Војнаровски на Твитер.

Хеликоптерот се урна во близина на Калабасас, западен Лос Анџелес.

Џиана Брајант имаше 13 години, таа тренираше кошарка и Коби и беше голема поддршка.