Магазин 28. јули 2020. / 09:15

Топлотен бран во Македонија: Температурите ќе се доближат до 40 степени Целзиусови

Топлотен бран во Македонија: Температурите ќе се доближат до 40 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 30 до 37 степени Целзиусови.

УВ индексoт ќе биде 9.

Во Скопје и околината сончево и топло со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 35 степени Целзиусови.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови.

Во петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.