Од денеска стапува на сила одлуката на Бугарија за македонските државјани да може да влезат во земјата само со негативен тест за корона вирус не постар од три дена.
Доколку, оваа одлука Бугарија се вклопува со вашите планови за одмор на црното море, ви нудиме предлог кои топ 3 плажи треба да ги посетите на бугарското приморје.
На територијата на Бугарија има голем број егзотични плажи, чисто море и одлична природа.
1. Плажа Иканталака, позната и како „Свети Ѓоргија“ и „Бела лагуна“. Плажата всушност се наоѓа помеѓу Балчик и Каварна.
Ова е веројатно едно од најживописните места на целиот бугарски брег на Црното Море. Тука плажата е доста тесна, опкружена со високи бели карпи кои драматично се издигнуваат над морето. Карпите се природно живеалиште за голем број и различни видови птици, што пак е предуслов за развој на селски туризам. Многу луѓе доаѓаат тука секоја година да ги набљудуваат и фотографираат птиците и нивните специјални ритуали. За туристите има многу хотели во Иканталака, кои нудат одлични услови за своите гости.
2. Плажата со кампување „Добруџа“, позната е како вистински рај за туристите кои го избрале мирот и тишината на природата над модерните летувалишта.
Плажата е рамна и чиста, со азурно море, златен песок и прекрасна глетка. Градот Шабла е извонредно убав град и е прво место во Бугарија каде што сонцето сјае рано наутро.

Посетителите на градот можат да уживаат и во морското ветре и од свежиот шумски воздух. Плажата е широка, а водата е јасна и неверојатно сина. Морето е многу длабоко и претставува предизвик за љубителите на пливање.