Магазин 13. јули 2020. / 15:01

Том Хенкс во ек на пандемијата пристигна во Грција

Том Хенкс во ек на пандемијата пристигна во Грција
Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, пристигнаа на грчкиот остров Антипарос каде што поседуваат вила. 63-годишниот оскаровец и неговата сопруга стигнаа под маски на својот омилен остров. Ова е нивната прва посета од месец декември кога Том Хенкс стана почесен граѓанин на Грција.

Хенкс и неговата сопруга поседуваат вила од 450 метри квадратни, сместена на тој остров. Како што велат мештаните, Антипарос е остров на кој што Хенкс и неговата сопруга сакаат целосно да се опуштат, да уживаат со пријателите, да прават вечера и да уживаат на плажа, далеку од холивудскиот хаос.