Магазин 13. март 2021. / 23:04

Ти си хумор и сатира со изминат рок, бурлески сте – дел од коментарите за запленетиот путер

Ти си хумор и сатира со изминат рок, бурлески сте – дел од коментарите за запленетиот путер

Лавина реакции и потсмев покрена објавата на вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, дека АХВ запленила путер со поминат рок.

Бурлески сте, мивки невидени, да се немало мир од вашите глупости од прв до последен, Сега планетата Земја е безбедно место за живеење, Здраво Љупчо, ќе ве молам да дојдете, три дена се расправам со баба ми , сака да јаде од пилешката паштета со поминат рок , ако не ја фрлам до утре , пиле ќе се изведе од неа, ве молам за совет, ќе доаѓате или како да правиме ?!, Уште јајца да заплените и торта минисРе, браво, се само дел од коментарите под објавата на Николоски.

Еден од највшечатливите коментари кој воедно има и најмногу реакции е – Жена остана без 3 органи, нема никава одговорност…. Сте заплениле путер.

Ти си хумор и сатира со изминат рок, коментира друг граѓанин.