Магазин 06. јуни 2019. / 14:27

Тамара избрана меѓу петте најлошо облечени на Евровизија

Тамара избрана меѓу петте најлошо облечени на Евровизија

Наградата „Барбара Декс“ за најлошо облечен претставник на обогодинешната „Евровизија“ ја доби претставникот на Португалија, Конан Осирис.

Според гласовите на публиката, кои се собираат една недела по завршувањето на натпреварот, на петтото место се најде и македонската претставничка. Тамара беше облечена во креација од Александар Ношпал.

Лани, наградата ја доби токму Македонија и групата „Ај кју“.