Магазин 12. март 2021. / 21:12

Талески: Со Данска покажавме што знаеме, допрва следи најдоброто од Македонија

Талески: Со Данска покажавме што знаеме, допрва следи најдоброто од Македонија

Македонската репрезентација издвојува победа над Данска во квалификациите за Еверопското првенство, средба на која своето деби го имаше новиот селектор Кирил Лазаров.

Токму на дебито на Лазаров сите играчи делуваа фантастично на теренот, група од која беше дел Филип Талески, играч кој доби многу критики за настапот на мундијалот во Египет. Членот на Вардар имаше максимален учинок пет од пет и со тоа најави многу подобро, позначајни партии во иднина во националниот дрес.

Тој рече дека секоја критика е добредојдена, мислам дека треба да ја сфатиме добронамерно.

-Со Данска покажавме дека знаеме, можеме и дека оваа Македонија го нема кажано своето најдобро. Пред нас претстојат години со многу работа и да го слушаме нашиот нов селектор, секоја тактика е паметна и добра за нас. Мора да ги спроведуваме неговите тактики совети н секој натпревар, па сметам оти работите ќе бидат позитивни како што беа вчера, истакна Талески кој откри што Лазаров им кажал пред пресметката со Данците.

Тој додаде дека пред почетокот на натпреварот Лазаров им кажал да уживаме, затоа што играме со светски првак во дуел во кој може многу да се добие. Тој вели дека подготвени влегле на теренот да се надигруваат со данските ракометари.

-Ја добивме довербата од новиот селектор, тоа максимално го искористивме. Сакам да потенцирам дека никогаш не ни беше дадена довербата да почнеме сите млади бекови во почетната постава. Некогаш игравме, ама никогаш не се погодивме заедно на терен во поново време Со добрата игра му дадовме до знаење дека може да смета на нас, порача бекот на „црвено-црните“.