Магазин 05. февруари 2020. / 09:04

Студен и врнежлив ден со ветер и повремен снег

Студен и врнежлив ден со ветер и повремен снег

Oд денеска па во наредните неколку дена во Македонија ќе преовладува облачно, студено и ветровито време.

Во планинските региони и во западните делови од државата се очекува нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри. Според најавите од УХРМ, долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и наместа ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер кој се очекува да биде со брзина над 70 км/час можна е и појава на снежни наноси.

Утринските температури ќе се спуштат и до -11 степени Целзиусови.

Температурата денеска се спушти до минус три, во четврток до минус седум, петок до минус 11, сабота до минус девет и понеделник до минус осум Целзиусови сатепени.

Дневната температура ќе се искачи до осум степени, во четврток до шест, петок до осум, сабота 10, недела 11 и понеделник до 13 степени Целзиусови.