Магазин 02. јуни 2019. / 21:35

Стоилов со титула не ја прифаќа Северна: Мојата држава е Република Македонија!

Стоилов со титула не ја прифаќа Северна: Мојата држава е Република Македонија!

Вардар по втор пат ја освои Европа и во својата клупска историја го освои трофејот од најелитното ракометно натпреварување на ЕХФ, Лигата на шампионите

Пред разиграните вардарци во финалето падна унгарскиот тим на Веспрем (27-24), а на официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ, објави Гол.мк.

Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече:

-Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Инаку, Стоилов го исполни ветувањето и дозволи Игор Карачиќ да го подигне историскиот трофеј.