Магазин 03. февруари 2020. / 20:31

Стивен Кинг се откажа од Фејсбук поради загриженоста од лажни вести

Стивен Кинг се откажа од Фејсбук поради загриженоста од лажни вести

Писателот Стивен Кинг го избриша својот Фејсбук профил заради, како што објасни, лажните вести и нарушување на приватноста.

– Го нашуштам Фејсбук. Не ми е пријатно заради поплавата од лажни вести кои се дозволени во политичкото рекламирање, а не сум уверен во неговата способност да ја заштити приватноста на своите корисници. Пишете ми на Твитер, ако сакате, напиша 72 годишниот писател на Твитер.

Кинг досега напишал 50 книги главно од научно-фантастичен и хорор жанр и многу од нив се екранизирани било тоа да е на филмско платно или на телевизија.