Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и долгогодишен интернационалец, Стефан Ристовски е пред трансфер во калчолигашот Фиорентина.
Спортмедиа дознава дека менаџерскиот тим на Ристовски веќе е во интензивни преговори за трансфер на нашиот десен бек во Фиренца, со што ќе се реши еден голем проблем како за Ристовски така и за сите нас.
Тој е отпишан од Спортинг Лисабон, за него веќе нема место таму, па Ристовски веќе извесно време бара следен клуб. Брага се појави прва како сериозна опција но од тоа нема да има ништо, а сега Фиорентина која има голем проблем сезоанава на играчки и резултатски план, гледа во нашиот репрезентативец решение за дел од проблемите како во одрбаната така и во нападот.
Тренерот на Фиорентина, искусниот Чезаре Прандели веќе е запознаен со потенцијалниот трансфер на Ристовски и тој секако дека има желба истиот да се оствари затоа што неговиот тим во моментов не игра како што треба и силни засилувања се и тоа како потребни.
Освен Фиорентина, заинтересирана во своите редови да го донесе Стефан Ристовски е и Специa. Тоа е клуб во кој секако дека Ристовски ќе ја има полната минутажа и ќе има веднаш статус на стартер она што и тоа како му е потребно по проблемите кои ги имаше во Спортинг.