Магазин 05. јули 2020. / 11:09

Стартува новата сезона во Формула 1

Стартува новата сезона во Формула 1

Наместо во Мелбурн на 15 март, сезоната во формула 1 почнува оваа недела во Австрија во 15 часот. Пандемијата со корона вирус го одложи стартот на сезоната за речиси четири месеци, а на првата трка на патеката Спиелберг нема да има навивачи.

Трката ќе се одржува во строги здравствени и сигурносни мерки. Уште повеќе, на корона вирус се тестирани вкупно 4032 возачи, членови на тимовите и останатите вработени никој не е позитивен. Освен ова на патеката и надвор од неа нема да има друѓба, а возачите новинарските конференции ќе ги одржат преку видеолинк.

Ова е созона во која британецот Луис Хамилтон во неговиот Мерцедес ќе ја брани титулата и ќе се обиде да го освои седмиот трофеј, со што би се изедначил со рекордерот Михаел Шумахер.