Магазин 01. јуни 2020. / 20:54

Спортскиот директор на Ренова позитивен: Страшни главоболки и изгубив чувство што јадам или пијам

Спортскиот директор на Ренова позитивен: Страшни главоболки и изгубив чувство што јадам или пијам

Спортскиот директор на тетовскиот фудалски Ренова, Фисник Нухиу е еден од петте членови на клубот или вкупно 217 тетовци што се позитивни на тестот на Ковид-19. Тој се наоѓа во задолжителен карантин во домашни услови, заедно со своето семејство, сопругата и двегодишниот син.

Нухиу за „Лидер“ раскажува како изгледа секојдневното живеење со вирусот што го клекна светот на колена.

Симптоми имам шест-седум денови. Најкарактеристично за оваа болест е тоа што целосно загубив чувство за вкус и мирис. Практично воопшто не чувствувам што јадам или пијам, устата и забите како да не се мои. Исто така, четири-пет дена имав ужасни главоболки, не помагаше ни ефидрол ни андол. Сопругата, пак, два дена примаше инекции. Фала му на Бог што синот едобар. Тројцата сме заедно и мора да седиме во изолација, па времето го поминуваме во телефонски разговори со пријателите – вели Нухиу.

Тој вели дека не знае каде и како се заразил со корона вирусот. Обајснува дека пред болеста имал вообичаени дневни активности, во рамки на дозволените мерки.

Сум бил по маркети, низ град и немало нешто посебно да знам дека таму сум се заразил. Не знам, можеби и јас целосно не верував дека може и баш на мене да ми се случи тоа, ама сега сфатив дека воопшто не е така. Ова е многу сериозна ситуација и затоа сакам јавно да кажам што ми се случува за колку можам да придонесам за сите да знаат дека е неопходна огромна внимателност. Сакам да испратам апел до сите да внимаваат на своите фамилии. Нема потреба од паника, но болеста не е едноставна. Има многу компликации и треба да се биде внимателен – порачува Нухиу.