Спортот во Велика Британија ќе биде дозволен од 1 јуни, соопшти владата на оваа земја.
– Крај на чекањето. Британскиот спорт се враќа во внимателно контролирано опкружување, изјави државниот секретар за спорт Оливер Дауден.
Ова значи дека Премиер лигата во фудбал би требало да продолжи на 17 јуни по повеќемесечна пауза поради пандемијата со корона вирус.