Магазин 23. јануари 2021. / 10:16

Спортинг го продава Ристовски за 2,5 милиони евра

Спортинг го продава Ристовски за 2,5 милиони евра

Нашиот заменик капитен во репрезентацијата и фудбалер на Спортинг Лисабон е пред трансфер во Олимпијакос, односно има големи шанси да се пресели во Грција и тоа како позајмен играч.

Сепак рано утринава португалскиот “Рекорд“, еден од најпознатите весници во таа земја, тврди дека Спортинг Лисабон за Македонецот бара 2,5 милиони евра, пари со кои би се активирала клаузулата на крајот од сезоната.

Ова веројатно се нови моменти за Ристовски и Олимпијакос, а факт е дека “лавовите“ од Лисабон веќе некое време не сметаат на услугите на нашиот фудбалер, па затоа тој игра само за резервниот состав.