Магазин 20. мај 2019. / 22:44

Спојлер: Еве кој стана крал на Вестерос

Спојлер: Еве кој стана крал на Вестерос

Најпопуларната серија на HBO, Игра на тронови, заврши неочекувано. Иако фановите се надеваа дека некој од двајцата лидери Денерис Таргариен или Џон Сноу ќе застане на тронот, сепак тоа не се случи.

Во последната епизода од серијата, по разговор со Тирион Ланистер, Џон Сноу ќе одлучи да разговара со мајката на змејот.

Среде врел бакнеж Џон ќе ја убие Денерис, но тоа нема да го направи крал.

Тирион на средба со најголемите луѓе на Вестерос ќе го предложи Брен Старк за крал. Сите ќе го прифатат, освен Санса, која бара Северот да остане независен.

Брен ќе се согласи на тоа и ќе стане крал на 6-те кралства.

Неочекувано нели?