Сопругата на глумецот Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, јавно стави крај на гласините за нејзиниот брак… ТВ-водителката и поренешна глумица во интернет-емисијата „Црвена маса“, чијашто домаќинка е самата таа, призна дека го изневерила својот сопруг.
Пејачот Август Алсина неодамна на интернет се пофали за неговата авантура со сопругата на Вил Смит, која инаку, е 21 година постара од него. Патем, Алсина му бил другар на нивниот син. Таквата објава изненади многумина од обожавателите на парот, бидејќи нивната врска долго време важеше за една од најстабилните и најомилените во Холивуд.
Уште повеќе, момчето тврди дека Вил знаел и „ѝ дал благослов“ за тоа на неговата сопруга.
Џејда како одговор на так вите шпекулации, јавно призна дека навистина имала куса врска вон бракот пред четири години.
Со таквото признание се покажува дека во 2015 година, бракот на Смитови „висел во воздух“ и парот решил привремено да се раздели. Тогаш, односно дури по прекинот, Џејда почнала куса врска со младиот пејач.
Сопругата на Смит признава дека тогаш барала среќа надвор од бракот, но на крајот сфатила дека сака да се врати кај нејзиниот сопруг.