Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер главно од северозападен и западен правец. Долж Повардарието повремено ветерот ќе засилува.
Минималната температура се движи во интервал од 11 до 21, а максималната од 29 до 36 степени Целзиусови.
УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Во Скопје, слично време со утринска температура до 16 степени, а дневна до 33 степени Целзиусови.
Синоптичарите најавуваат стабилно време и во следните денови освен во петок попладне и во сабота кога се очекува нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.