Магазин 21. јануари 2020. / 09:32

Сончево време со мала облачност

Сончево време со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура се движи од минус 8 до 1 степен Целзиусов, а дневната ќе биде од 3 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура достигна до минус 3, а дневната до 6 степени Целзиусови.