Магазин 20. јули 2020. / 09:13

Сончево со значителен пораст на температурите

Сончево со значителен пораст на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура е во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови.

УВ индексот ќе изнесува девет.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст.