Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, поголема на северот и на истокот.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температура ќе биде во интервал од -6 до два степена.
Според УХМР, следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по котлините. Утре ќе се зголеми облачноста, а од крајот на денот ќе почнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег. Се очекува најпрво да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во ворник кога ќе се поинтензивни на југоистокот и истокот.