Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 7.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени. Дневната температура ќе достигне до 31 степен.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а за време на викендот и во почетокот на наредната седмица повторно ќе има услови за појава на попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.
Во текот на утрешниот ден и за време на викендот ќе дува засилен северозападен ветер.