Магазин 15. септември 2020. / 08:02

Сончево со температура до 33 степени

Сончево со температура до 33 степени

Времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во среда ќе има појава на умерена облачост. Во четврток попладне и во петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.