Магазин 20. октомври 2020. / 08:22

Сончево со температура до 22 степени

Сончево со температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -2 до осум степени, а дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.