Магазин 24. јануари 2020. / 07:24

Сончево со слаб јужен ветер

Сончево со слаб јужен ветер

Времето вo Македонија денеска ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура се движи од минус 10 до 0, а дневната од 7 до 12 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 7 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела од средината на денот, преку ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Од недела утринските температури ќе се покачат.