Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските региони, ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура се движи од 11 до 20, а дневната ќе биде од 29 до 36 степени Целзиусови.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура се спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени Целзиусови.
Од недела претпладне и во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер и тогаш температурите повторно ќе бидат пониски (за 3 до 5 степени). Потоа следува период на постабилно време со постепен пораст на температурата.